понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период донесе низа земјоделски мерки во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во изминатиов период донесе низа земјоделски мерки во интерес на граѓаните на Македонија кои се занимаваат со земјоделско-сточарско производство, изјави Никола Мицевски на денешната панел дискусија „Подобри и различни-поголема децентрализација на поранешните водни капацитети“.

– Продолжуваме и понатаму да се посветуваме на земјоделството и по нашите посети кои ги остваруваме со граѓаните дојдовме до идеја за измена на законската регулатива за акционерското-водостопансткото препријатие со кое не беа опфатени повеќе корисници. Во изминатиов период Македонија имаше проектирано и користеше околу 90 илјади хектари покриени со наводителни системи од кои што со несреќните закони кои ги донесе СДСМ и формирањето на водните заедници се доведовме во ситуација наместо овој проект да имаме ненаменско користење на 18 милиони долари за покривање на платите и функционирањето на претпријатијата во тој период, вели Мицевски.

Тој истакна дека овој проект на водни заедници во Македонија не го дадоа очекуваниот резултат и од вкупно некаде 150 водни заедници, правилно функционираа само 15 или 20 водни заедници.

– За жал другите водни заедници не функционираа и водостопанските претпријатија не работеа рентабилно, а најстрашно беше тоа што земјоделските системи за наводнувања од година на година беа уништувани. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ подготви акционен план од 10 години за рехабилитација, реконструкција и основање на нови водостопански субјекти и реконструкција на постоечките водни системи. Планирани беа 20 милиони евра годишно за овие намени и веќе беа испроектирани некои проекти, по редот на нештата од оваа година требаше да има средства, но со ребалансот на буџетот гледаме дека тие средства не се планирани, потенцираше Мицевски.

Top