среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 85 ново

Касата на босанската федерација е празна, кошаркарите не доаѓаат во Скопје

Босанските медиуми веќе извено време пренесуваа дека кошаркарскиот сојуз во оваа земја се наоѓа во навистина лоша ситуација, но дефинитивно никој не можеше да претстави дека работите се до толку лоши, што Босанците веќе немаат доволно средства за да ги извршуваат нормалните обврски.

Босанската федерација денеска објави дека патувањето за Скопје по повод „Трофеј Македонија“ е откажано поради немање парични средства во касата на кошаркарската куќа, но најлошо е тоа што се потенцира дека на агонијата не и се гледа крајот. Босанците соопштија дека нема да можат да учествуваат на пријателскиот турнир во Скопје од кој беа дел и минатата година, па сега нашата федерација ќе треба да најде замена, односно уште една селекција која ќе го сочинува квартетот со Холандија и Португалија (турнирот е на програмата од 20 до 22 јули).

– Водата е дојдена до грло. Притиснати сме од сите страни со даноци и други долгови од минатото. Состојбата на сметката во сојузот е еднаква на нула, и поради тоа сигурно ќе мораме да го откажеме подготвителниот турнир во Македонија. Тоа е вистински срам, но истиот може да биде уште поголем ако бидеме присилени да откажуваме и официјално настапи на меѓународната сцена како Светско и Европско првенство. Ако нешто драстично не се промени во наредните денови, доведени се во прашање претквалификациите на нашите сениори за Светското првенство – истакнал Сејо Буква, потпретседателот на кошаркарскиот сојуз на БиХ за домашните медиуми.

Top