петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 87 ново

Во петок и сабота второ прскање против комарци во Скопје

Втората авионска дезинсекција против возрасни форми од комарци за годинава ќе се одвива в петок и в сабота во раните утрински часови.

Град Скопје информира дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Top