петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Европскиот шампион во Лос Анџелес без Роналдо и Рамос, но со Мората

Европскиот првак Реал Мадрид вечерва замина за САД на претсезонска турнеја, а тренерот Зинедин Зидан одлетаа со себе поведе 26 фудбалери, вклучувајќи го новајлијата Тео Ернандез, а одмор добија Кристијано Роналдо и Серхио Рамос.

Капитенот Рамос во САД ќе се приклучи в четврток, а Роналдо воопшто нема да земе учество на турнејата. Младите фудбалери Хесус Ваљехо, Маркос Љоренте, Марко Асенсио и Борха Мајорал ќе се вклучат подоцна поради учеството на Европското првенство за младинци.

Дури и прекубројниот Алваро Мората одлета за Лос Анџелес, иако постои можност во секој момент да се врати во Европа за да потпише за некој од клубовите во најсилните лиги.

„Кралевите“ во САД ќе одиграат контролни натпревари против Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Барселона.

Top