среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 85 ново

Започнаа провокациите за борбата на векот (видео)

Првиот голем чекор кон „Борбата на векот“ меѓу Мејведер и МекГрегор се случи синиоќа на средба меѓу двете големи ѕвезди пред почетокот на официјалната прес-конференција. Двајцата почнаа да се провоцираат и ако не беше Дејн Вајт веројатно ќе дојдеше и до физички дуел.

– Погледнете како е облечен, Дури и не знае да одбере костум – прв провоцираше МекГрегор, кој се појави во официјален костум и вратоврска.

– Конор е борец за 6 или 7 цифри, јас сум за борби со 9 цифри – одговори Мејведер.

Сите нивни зборови беа проследени со овации од гледачите, кои како едвај да чекаа да се случи нешто понеобично.

На 26 август во Лас Вегас силите ќе ги одмерат двојниот шампион на УФЦ, Конор Мегрегор и Флојд Мејведер, кој се активира од боксерската пензија само за овој меч.

Top