сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 60 ново

Македонските одбојкари на 21.место на ЦЕВ листата

Македонските одбојкари се наоѓаат на 21.позиција на најновата ранг – листа на ЦЕВ. По завршните натпреварувања во Европската лига и во Светската лига, ЦЕВ (Европската одбојкарска конфедерација) го објави најновото рангирање на селекциите. Македонија го задржа 21.место, кое го имаше и претходно, со 156 поени.

На првата позиција на оваа ранг – листа се наоѓа Франција, која е и победник на Светската лига, второто место и припадна на Русија, а треторангирана е селекцијата на Србија.

Top