петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Српски бизнисмен ќе се обиде да влезе со свој тим во Формула 1

Српскиот бизнисмен, Зоран Стефановиќ имаше два неуспешни обиди да направи своја екипа во најсилното автомобилистичко натпреварување, Формула 1.

Најпрво, тој се обиде да го искористи излегувањето на Тојота и да ја внесе екипата на Стефан ГП во 2010 година, за пред три години да се обиде да влезе на местото на распаднатата Маруси.

Сега, одново се појавија шпекулациите, кои велат дека тој имал состанок со Рос Браун и побарал „зелено светло“ од Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за 2019 година.

Новите сопственици на Формула 1 шампионатот најавија дека ќе има зголемување на бројот на екипи од наредната сезона, што би можела да биде шансата за Србинот.

Top