среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 71 ново

Самарџиски продолжува со Мега и следната сезона

Македонскиот центар, Предраг Самарџиски и во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од српскиот тим Мега Бемакс.

Тоа е истата екипа која лани се натпреваруваше под името Мега Лекс, екипа за која поранешниот македонски репрезентативец настапи во финишот на мината кампања, прво во АБА лигата, потоа и во шампионатот.

Самарџиски долго време беше повреден и му требаше време да се рехабилитира, а во минутите кои ги доби во Србија во претходната кампања имаше просек од 4,1 поен и 3,2 скокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top