среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 85 ново

Надал: Разочаран сум, можев да стигнам до трофејот

Рафаел Надал не го криеше разочарувањето по елиминацијата уште во осминафиналето од Вимблдон, откако Шпанецот го загуби маратонот со Жил Милер од Луксембург, со 13-15 во петтиот решавачки сет. По повеќе од пет часа борба шпанскиот ас беше принуден на капитулација, со што исчезнаа и неговите надежи дека би можел на крајот од оваа седмица да се искачи и на врвот на АТП-листата.

– Разочаран сум, ова е вистинска штета. Дојдов овде подготвен, знам дека можев да стигнам и до титулата на Вимблдон, но ете загубив во осминафиналето. Немам што конкретно да кажам, дадов се од себе, одиграв на високо ниво по грешките во првите два сета. Имав свои шанси и во петтиот сет, но тоа е спортот. Ми останува сега добро да се одморам, па максимално подготвен да влезам во завршниот дел од сезоната – изјави Надал по вчерашниот пораз.

Top