петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Во маратонски меч Надал елиминиран на Вимблдон

Рафаел Надал е елиминиран од Жил Милер во епски меч во пет сета и речиси пет часа на гранслем на турнирот Вимблдон.
Милер ја задржа концентрацијата и покажа сила да го комплетира маратонот победувајќи со 3-2 во сетови. Последниот петти сет , кој траеше повеќе од два часа, Милер го заврши со 15-13 во гема.

Претходно, Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето совладувајќи го Бугаринот Григор Димитров со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 6-4).
Првиот светски рекет Енди Мареј без проблеми се пласира меѓу осумте најдобри на турнирот во Лондон. Тој славеше со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-4) против Беноа Паире. Мареј имаше потешкотии само во првиот сет, кој го доби во тај-брејк, а потоа успеа да го скрши отпорот на ривалот, откако во вториот и третиот сет го одзема неговиот сервис.
Мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и францускиот тенисер Адријан Манарино е одложен за утре.

Top