четврток, 27 јули 2017 | Вести денес: 1 ново

Тајна чувана 24 години: Хитот на Цеца бил дует, но војната го измени

Обожавателите на Светлана Ражњатовиќ – Цеца веројатно знаат дека песната „Београд“ ја има напишано Дино Мерлин, а таа открила дека иако била напишана за дует, сепак завршила како соло нумера.

На прашањето дали таа песната била првично наменета за Весна Змијанац, Цеца го одгвоворила следното:

– Тоа навистина не го знам. За мене Дино наменски ја напиша песната „Заборави“, а откако ми ја отсвирe таа нумерa, ми кажа дека има една песна која е работена за дует. Но бидејќи тогаш имаше војна и тој не можеше да пее во Белград, само ми кажа дека имам емоции за неа. Јас ја отпеав и звучеше одлично, а останатото го знаете, стана голем хит. Од Мерлин имам три песни, заедно со „Жарила сам жар“, изјавил Ражњатовиќ.

Top