вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 87 ново

Душата на Брена се уште и крвари: Рана стара 17 години

Балканската ѕвезда Лепа Брена вели душата се уште и крвари поради киднапирањето на син и Стефан пред 17 години. Иако син и и беше вратен после една недела, таа често се сеќава на таа болка и немоќта која тогаш ја осетила.

brena

-Тоа е рана како кога ќе ви забијат нож, а потоа оставаат тој нож да стои длабоко и не смеат да го извадат бидејќи ќе искрварите. Меѓутоа кога ќе го извадат, тогаш добро ќе ве сошијат. Човекот се навикува на тоа дека животот не е игра и морате да живеете со тие страшни работи. Тие оставаат трага на вашата душа. Ние не сме роботи. Мене песната ми помогна душевната болка да ја претворам во музика. Многу песни се моја лична карта. Ниту еден поет не е поет зошто е среќен – тврди пејачката која жали што сторителите се уште не се фатени.

За потсетување Стефан е киднапиран 2000 година и на родителите им е вратен после една недела. Тогаш имал 8 години.

Top