петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 4 ново

Даниел Креjг повторно Џемс Бонд

Привршува сагата околу почетокот на снимањето на новото, 25-то продолжение од серијалот филмови за агентот Џемс Бонд 007. Продуцентката Барбара Броколи го убедила Даниел Крејг да ја одигра главната улога и по петти пат, објави британскиот весник „Мирор“.

Во една прилика, ѕвездата од претходните четири филмови за Џејмс Бонд изјави дека „попрво би си ги пресекол вените, отколку да му се врати на тој лик“, па овој податок многумина го прифатија како изненадувачки и со неверување.

Гласините исто така говорат дека продуентката е решена Адел повторно да ја отпее воведната музичка тема. Таа беше ангажирана и за во 23-от филм од серијалот наречен „Операција Скајфол“.

Подготовките за снимањето на новиот филм се на самиот свој почеток, па датумот на премиерата се уште не може ниту да се навести.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top