вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

ЕК одобри 6,48 милиони евра за бегалските кампови на Лезбос и на Хиос

Европската комисија денеска одобри 6,48 милиони евра за подобрување на условите на живот во центрите за прием на бегалци на грчките острови Лезбос и Хиос во Егејско Море.

Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на храна, вода, водовод и канализација, како и за подобрување на здравствените и образовни услуги за бегалците.

Грција од 2014 година вкупно доби околу 900 милиони евра од Европска унија за справување со бегалската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top