петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Елиминирана првата носителка на Вимблдон

Анжелик Кербер речиси сигурно ќе биде симната од врвот на ВТА-листата откако беше елиминирана во осминафиналето од Вимблдон. Германската тенисерка, која беше и прва носителка на гранслем турнирот, по серијата променливи настапи денеска претрпе пораз од Габине Мугуруза со 1-2 во сетови. Кербер го освои првиот сет со 6-4, но Шпанката потоа ја презеде контролата и ги доби следните два сета со идентични 4-6, 4-6, за голема победа.

Мугуруза во следната рунда ќе се сретне со Русинката Кузнецова, која денеска без премногу проблеми славеше со 2-0 над Агњешка Радванска.

Јелена Остапенко продолжува со извонредните игри, па по освојувањето на Ролан Гарос латвиската тенисерка стигна и до четвртфиналето на Вимблдон. Таа денеска против себе ја имаше петтата носителка Елина Свитолина од Украина, совладувајќи ја со 6-3, 7-6, па во четвртфиналето ќе се сретне со Венус Вилијамс, која триумфираше над Конјух од Хрватска со 6-3, 6-2.

Top