среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Кошаркарите по долго чекање конечно полетаа за Виена

Македонската кошаркарска репрезентација денеска патува за Виена од каде со автобус треба да го продолжи патувањето за Братислава каде треба да одигра две контролни средби со селекцијата на Словачка.

Веднаш на стартот на патувањето експедицијата се соочи со проблеми на аеродромот „Александар Велики” од каде требаше во 12.55 да полетаат за Виена, но поради технички проблеми летот за престолнината на Австрија беше одложен за повеќе од два часа.

Сепак тоа не ги вознемири нашите репрезентативци кои под палката на селекторот Јорданчо Давитков посакуваат да ја вратат Македонија на патеката на кошаркарска Европа преку претквалификациите за Светското првенство.

Авионот за Виена полета 15.10 часот и македонските репрезентативци ќе стигнат во Братислава вечерва.

Top