недела, 18 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Никола Груевски го посети објектот Кино „Манаки“ во Битола

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го посети објектот на киното „Балкан“ или киното на Браќата Манаки и притоа истакна дека е изграден потполно нов објект, завршени се градежните активности, следува фаза на опремување со мебел и кино опрема. Вкупната вредност на инвестицијата е над 500.000 евра.

Изградбата на киното започна во 2013 година и се градеше според зачувани фотографии на киното „Балкан“ на браќата Манаки кое работело во 1923 до 1939 година на Широк Сокак.

Битолската публика го сака филмот,  ќе има една дополнителна кино- понуда и ќе си има едно кино со редовен репертоар. Со ова се овековечи филмскиот град каков што е Битола со филмските фестивали, а ќе има и каде да се презентираат големите филмски остварувања.

Обновата на киното со автентичен изглед, предвидува покрај кино салата со сто и педесет седишта и најсовремена киноприкажувачка опрема, да биде изграден  галериски простор и две музејски простории со содржини од творештвото на браќата Манаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top