недела, 20 мај 2018 | Вести денес: 79 ново

Направена златна Нокиа 3310 со ликовите на Путин и Трапм – чини 2 500 долари

Руската компанија „Caviar“, која се бави со украсување на мобилни телефони, изработила нова ексклузивна верзија на легендарниот модел – Нокиа 3310, на која на позадината на телефонот се изгравирани ликовите на рускиот и американскиот претседател.

Телефонот е позлатен и чини 2 500 долари, пишува „The Verge“.

Специјалниот модел бил направен по повод средбата на Путин и Трамп на самитот Г-20 кој се одржа во Хембург, каде воедно се случи и првата средба помешу овие два претседатели. Датумот на средбата исто така е изгравиран на задниот дел на телефонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top