понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 58 ново

УХМР со вонредна најава за времето

Во наредните три дена продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.

Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток.

Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 6 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд, кога ќе има со локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Top