петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Крајичек: Федерер е главен фаворит за освојување на Вимблдон

Поранешниот освојувач на Вимблдон и најдобриот холандски тенисер на сите времиња, Ричард Крајичек го апострофираше Роџер Федерер како главен кандидат за освојување на Вимблдон, турнир кој се наоѓа точно на својата половина.

– Федерер се издвојува како јасен фаворит. Енди Мареј се мачи, колената на Надал и понатаму се знак прашање, а Ѓоковиќ ја подига формата. Искрено ќе бидам изненаден ако Федерер не ја освои титулата. Рафа беше единствен со кој Федерер имаше психолошки проблем, но сега и тоа веќе не е случај – смета Крајичек.

Федерер не загуби ниту еден сет во првите три кола, но првиот вистински предизвик ќе го има утре во осминафиналето против Григор Димитров. Ако ги победуваат сите свои ривали Ѓоковиќ и Федерер би се сретнале во полуфиналето, а Надал и Федерер дури во финалето.

Top