петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Се рушат рекорди во НБА како на филмска лента, Харден потпиша нов договор со Хјустон за 228 милиони долари

Само неколку дена по продолжувањето на договорот на Стеф Кари со Голден стејт за 201 милион долари, супер-звездата на Хјустон Рокетс Џејмс Харден, потпиша нов договорот со клубот од Тексас за неверојатни 228 милиони долари. Овој договор ќе стапи на сила од 2019 година и за четири сезони Харден ќе добие вртоглава сума, која е апсолутен рекорд во НБА лигата.

„Брадата“ минатото лето потпиша четиригодишен договор за 118 милиони долари, но сега доби скоро двојно повеќе и го мина Стеф Кари на листата на најскапо платени кошаркари.

Претходно со доведувањето на Крис Пол од Лос Анџелес Клиперс, тимот од Хјустон ги најави високите амбиции за следната сезона. Оваа вест во НБА лигата одекна како големо изненадување меѓу љубителите на кошарката, бидејќи никој не очекуваше вторпат да биде пробиена границата од 200 милиони долари.

Top