среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 85 ново

И апстиненцијата е здрава

Обновете ја страста во врската

Доколку сакате да ја обновите страста во врската, можеби сега е најдоброто време за некое време да апстинирате. Ова ќе придонесе повторно да се заљубите во партнерот и дека многу повеќе ќе копнеете по него, во буквална смисла на зборот. После одреден период поминат во апстиненција, страста во вашата врска повторно ќе се разгори, а првиот секс после тој подолг временски период со сигурност ќе биде луд и незаборавен.

Добијте поголема поврзаност со партнерот

Повремената апстиненција може да ја зацврсти врската и да ги подобри сите останати сфери од вашиот однос. Искористете го времето без секс за повеќе да се фокусирате на интересите, стравовите и надежите на вашиот партнер и впивајте колку што е можно повеќе од убавината на платонскиот однос.

Полесно ќе ја разликувате љубовта од страста

Тешко е да се раздвои страста од љубовта, особено во почетната фаза на една врска, пред сè поради големата хемија и заслепеноста коишто таа возбуда ги носи. Но повремената апстиненција од секс ќе ви помогне за со партнерот да остварите длабок интимен однос, без првенствен физички контакт.

Top