https://www.youtube.com/watch/default.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/0.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/1.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/2.jpg" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1">
петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

ЗАПОЧНА СТЕЧАЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Алдо Климан

Спротивно на темниот тон од насловот, ќе започнам со интересни филмски новости. Надалеку прочуениот документарен филм со дијалози на дијалект од село Муртино, Струмичко, вистинско ремек-дело на седмата уметност од македонскиот црн бран, под оскаровски наслов „Зоран Заев бара поткуп”, и натаму жнее невиден успех на интернетските проекции ( https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI ). Во моментот на пишувањето на овој текст тој м(р)ачен евро-балкански трилер е погледнат веке 208.405 пати, а помножено со просечно 4 члена во семеjството при честите групни и фамилијарни гледања, го имаат видено дури импресивни 833.620 гледачи. Ве молам, почитувани граѓани, отворете си ги ширум очите и погледнете го и вие што побргу, зашто можеби некој од деновиве најавените историски, судбоносни владини реформски пакети на Зоран Заев можеби длабински ќе го зафати и ќе го истресе од гаќи и светскиот меѓумрежен послужител ЈуТјуб (YouTube), зашто, навистина, на човекот ниту му е платен хонорар за така (не)морално разголен да шета пред толку многу луѓе во Македонија, по Балканот и низ светот, ниту пак успеал трајно да се дограби до тој проклет поткуп со вртолумна тркалезна бројка. Јавна тајна е дека тој филм му е најболната точка на Заев! „Ох, колку би бил убав светот да го нема тоа видео; оган да ги изгори камерите и камерманите!” – си мисли тој! Но ние и во наредните написи редовно воведно ќе ве известуваме и ќе ги донесуваме бројките за посетеноста на горниот линк на кој континуирано се прикажува филмот за нашата национална срамота – „Зоран Заев бара поткуп”.

Имено, марионетскиот премиер на првата и последна марионетска влада на Република Македонија и осведочен пучист Зоран Заев штотуку помпезно објави: „Почнуваме со реформскиот План 3-6-9 за сериозен пробив кон ЕУ и НАТО”. Но многу поточно би било тој „план” да се нарече „Поза 69 за сериозен подбив на ЕУ и НАТО”. Бројката 69 секако алудира на онаа популарна еротска поза од книгата „Фигуре венерис” која, со оглед на бројките од неговиот „план”, се чини, му е омилена на Зоран Заев во неговиот изнуден интимен однос со својот народ. Сите добро знаеме дека за поимот изнуден интимен однос има и друг, во случајот на Заев многу попрецизен одиозен збор, но што им е гајле за лексиката и воопшто за доброто на сопствениот народ на тие и такви бесчувствителни типови како него на кои им е најважно се’ да им е по ќеифот и ним да им е супер лезет. А таквите и на ЕУ и на НАТО им служат само за корист и за подбив, а не за никаков пробив.

Затоа, со оглед на погоре спомнатата филмска вест, мора веднаш да кажеме дека кога некој како именуваното лице Зоран Заев се дрзнува да го употребува зборот „сериозно”, за да го сфатиме сериозно би требало пред себе да имаме навистина почитуван човек, а тој едноставно не само што не е тоа, туку е токму спротивното! Неговиот неморален лик на автентичен беден македонски криминалец кој бесрамно бара поткуп од речиси 200.000 евра во филмот „Зоран Заев бара поткуп” никако не можеме да си го тргнеме од пред очи. Па како тогаш ние (или пак чесните Европејци!) би можеле да го сфаќаме сериозно, особено кога зборува за државни планови?! Барем да си ја одлежал во Идризово за тоа што го направил, или каде веќе се лежи за такви гнасни работи, па да речеме, ајде, човекот има право по излегувањето од зандана да се ресоцијализира под стари денови, зашто за таква свинштина мора добро и навистина долго да се одлежи. А наместо сето тоа – глеј! – тој ни изигрува некаков премиер и со плиток политички фразерај најавува божемен сериозен пробив кон ЕУ и НАТО.

За такво нешто, господине Заев, вие имате шанса онолку колку што има шанса некој скакулец во кокошарникот! Нема ништо од тоа, ниту од НАТО во наредните пет до десет години, ниту од ЕУ, барем во наредните три децении.

Но, за жал, има нешто друго што со своето политички аналфабетско и анационално лудило ни го сваривте: имаме меѓународен стечај над Република Македонија, и тоа тивок и подмолен, како подмолен кариес во последниот катник што ни остана по сите историски премрежиња и насилни кршења на нашите национални заби! И тој државен и национален кариес од моментот на вашето инсталирање на власт веќе разјадува се’ што како благороден, вдахновен, пријателски народ создадовме низ вековите. Видлив е тој кариес и со голо око, и страшно боли! А сега, со својата велепредавничка крвава тупаница, тресната директно во лицето и во устата на македонскиот народ, еве, вие ни го избивате и последниот заб.

Привидот создаван од секојдневните лакирани и глазирани вести од владините медиуми и од официјалните владини соопштенија за работата на таа божемна влада треба да не’ успие, да се опуштиме во ова мирно лето пред нас, да помислиме, ете луѓе, малку по малку се’ се средува, животот тече, Европа, Америка и НАТО не’ поддржуваат. Се’ ќе биде добро. Средби со амбасадори ваму, средби со европратеници таму, некакви самити со учество на нашите „министри” онаму… Ма, ве молам!

Сето тоа се најобични глупости и празна слама. Над Република Македонија се спроведува политички, економски и национален стечај. Притоа велепредавникот Зоран Заев и неговата квислиншка и големоалбанска влада се само валкани извршители со црни торби, зашто Република Македонија има повеќечлена меѓународна стечајна управа, а секој од членовите е задолжен за уништување на одделни витални гранки и делови на независниот демократски политички правен субјект – државата Република Македонија, и за бришење на нејзиното историско име и на историското име на македонскиот народ – Македонец, Македонка.

Ги занемарувам сите пречки до вистината: неподносливата европска и американска хипокризија, лажната дипломатска куртоазија, секојдневните лакировки на актуелната власт во Македонија, идеолошките предрасуди и, се разбира, личниот страв. Зашто стравот на секој поединец во Македонија во секој случај денес треба крајно сериозно да се зема во предвид кога се во прашање кримикратијата и демократурата на Заев и на неговата клика. Но сега пречките до вистината, вклучително и стравот, треба сите заедно да ги занемариме, зашто вистината денес на Македонија и на македонскиот народ им се попотребни од кога и да е порано.

Кога на 27 април е извршен државен удар во Собранието на Република Македонија, прв од меѓународната заедница, и тоа практично во реалното време со збиднувањата во парламентот, се огласи Јоханес Хан. Тогаш, со својата позната цинична насмевка, ја изговори онаа реченица што добро ја запомнивме: „Демократијата понекогаш треба малку да се поттурне кон напред!” Нејсе што за господинот Хан државен удар во срцето на Европа е само „мало поттурнување на демократијата кон напред”, туку таа реченица воопшто не е негова. На неа полага целосно авторско право товариш Владимир Илич Ленин кој ја изговори во почетокот на Октомвриската револуција, а Јоханес Хан како необолшевик-плагијатор тоа сега ни го продава како своја духовита умотворина. Нам, на граѓаните на Република Македонија, господине Хан, тоа воопшто не ни е духовито ни смешно!

Но, како што се вели, „фрли рипче – фати крапче”. Таа негова ептен мала вербална инвестиција, тоа пучистичко „поттурнување на демократијата” и моментната цивилизациска дезориентација на ЕУ како некаков гламурозен бекграунд го донесоа Јоханес Хан на функција стечаен управител на Република Македонија.

Точно два месеци по државниот удар и неполн месец по инсталирањето на новата Влада, а Хан очигледно ужива во остварување на бирократски најпрецизен можен тајминг, на 26 јуни тој се нацрта во Скопје за да учествува на седницата на Владата на Република Македонија, ословувајќи ја притоа цело време Република Македонија само со референцата БЈРМ. Од позиција на стечаен премиер на Република Македонија, на заедничката прес-конференција со неговиот најблизок соработник Зоран Заев, во функција на премиер-извршитрел со црна торба, Хан ги оцени како позитивни чекори средбите на министерот за надворешни работи Димитров во Грција и на Заев во Бугарија. Се разбира дека тој како стечаен управител на Република Македонија, те. стечаен директор на претпријатието БЈРМ, смета дека таму, во Грција и во Бугарија, се случило нешто многу добро, иако од тоа и’ се свртија цревата на целата македонска нација и се отворија низа нови најмачни меѓународни состојби и односи. Но тоа е така: кога имате бесчувствителен туѓински стечаен управител – народот воопшто не се прашува. Неговиот соработник, извршителот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција полтронски и вазалски изјави дека „неговата Влада заедно со еврокомесарот Хан прецизирала документ за реформите кои треба да се спроведат”. Се работи, веројатно, за гореспомнуваната „Поза 69 за сериозен подбив на ЕУ и НАТО” која, напишана од ЕУ, на Заев од Брисел му ја донесе Хан. Стечајниот управител Јоханес Хан, пак, тогаш изјави: „Првпат присуствувам на седницата на Владата на БЈРМ и се надевам дека ќе имам можност повторно да присуствувам, бидејќи сметам дека ако сакаме да ја постигнеме нашата заедничка цел ќе мора и заедно да работиме”. А што се крие зад поимот „заедничка цел” многу добро знаеме сите – бришење на Република Македонија од мапата на светот.

Стечајниот управител на Република Македонија Јоханес Хан тогаш, во тој несреќен понеделник кога започна стечајот над Република Македонија, најави дека веќе наредниот ден, во вторник, во „земјата”, како што ја нарече Република Македонија, ќе пристигнат и експерти кои ќе помогнат подобро да се спроведат реформите (читај: стечајот).

И навистина, веќе утредента во Македонија изникна „германскиот експерт” Рајнхард Прибе со толпа „експерти” за да и’ „помогнат” (на очигледно најнеспособната Влада во светот) „во спроведувањето на најитните реформски приоритети”.

„По утринскиот појадок”, како што пишуваа тој ден медиумите, Прибе, сит и задоволен од појадокот, почна со скенирање (читај: чешлање!) на институциите, а другите двајца извршители со црни торби, Никола Димитров и Бујар Османи, му дадоа на знаење дека институциите се целосно мобилизирани и се ставени на располагање на тимот на Прибе кои летово (ах, збогум мирно македонско лето!) ќе имаат задача целосно да ги одскенираат. Прибе ги посети Министерството за надворешни работи, Министерството за правда и Секретаријатот за евроинтеграции, при што истакна дека Европската комисија во следниот период одблиску ќе ја следи работата во земјата. Замислете си сега, почитувани сограѓани, дали како обични чесни граѓани на Република Македонија воопшто би можеле така едноставно да влезете во спомнатите министерства, а не да ги чешлате вдолж и попреку како штотуку дојдениот туѓински „експерт” Прибе.

Истиот ден, на 27 јуни, во Македонија стаса уште еден дел од меѓународниот стечаен тим: туѓинската делегација на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, предводена од директорката Џеновева Руиз Калавера. И сите тие (не знам точно колкумина) дојдоа „да и’ помогнат” на неспособната Влада.

Стечајната управа се докомплетира на 29 јуни кога во Скопје се појави и еден од најважните туѓински „експерти”, Питер Ван Хојте, кој дојде да и’ „помогне” на неспособната Влада за итно спроведување на медиумските реформи. Потсетуваме дека Хојте веќе еднаш покажа што и како знае и беше одстранет од преговорите во пржинскиот процес, но во моментов во Македонија се во игра некои други момчиња, негови верни соработници во стечајната постапка на слободното критичко мислење во македонските медиуми, па и тој побрза да си се врати на македонската политичка и прехрамбена трпеза.

На 3 јули пак, ете ти го и специјалниот претставник на ОН и медијатор за разликата за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кој, ве молам, смета дека прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата Влада, те. на туѓинската стечајна управа на Република Македонија, на чело со Јоханес Хан и на неговиот соработник, извршителот со црна торба Зоран Заев. А зошто, господине Нимиц, кога ние воопшто не сакаме да си го менуваме своето чесно и свето име Република Македонија? Сменете си го вие вашето име, никој не ви брани.

И истовремено со присобирањето на меѓународната стечајна волчја глутница во Скопје, како во осини гнезда повторно зовреа и агресивните хормони по овдешните туѓински амбасади. Бог да чува и да пази!

Е сега, се прашувам, почитувани сограѓани, што воопшто им е гајле на сите тие туѓинци за нашата татковина Македонија, за нејзиното и за нашето име?

Тоа е затоа што, како што вели една стара поговорка, предавниците се како сериските убијци – никогаш не престануваат. Така премиерот-извршител со црна торба Зоран Заев ни ги „напенали” (негов термин!) за да ни ја докусурат Република Македонија. Зашто е општопознато како завршуваат стечаите: или правното лице (во случајов нашава држава) се ликвидира, или пак се редефинира, те. станува сосема друго правно лице и продолжува да постои под друго име и со сосема друг идентитет.

И еве како е замислено тоа.

Еден од најагилните извршители на стечајната постапка со црна торба, Бујар Османи, на крајот од своето јавно толкување на фамозниот „План 3-6-9…” изјави нешто многу интересно и знаковито: „Пред нас е исправен над-национален, ако сакате, човечки предизвик да ги затвориме отворените прашања и да направиме сериозен исчекор во нашите европски и евро-атлантски интеграции”.

Но кои се тие отворени прашања за кои така лежерно заборува господин Османи? Дали е тоа создавање Голема Албанија на сметка на Македонија, па да бидат затворени отворените големоалбански прашања? Па, има ли некој блесав во оваа земја што заборавил дека токму Бујар Османи, а сега со лик на министерско бело јагне сугаре, најупорито, најагресивно и најдрско, внесувајќи му се в лице на македонскиот народ, повторуваше дека постои и дека до запирка ќе се примени Тиранската платформа, што подоцна на галено си ја викаа Декларација, а сега не ја ни спомнуваат зашто едноставно таа почна да се реализира во пракса. Ете така, токму онака како што е зацртано таму во Тиранската платформа, Бујар Османи го гледа „над-националниот човечки предизвик”, Република Македонија да се претвори во бинационална држава под некое друго, албанизирано име, а притоа, замислете, во „Планот 3-6-9…” на ниту едно место не се ни спомнува нужното итно, всушност најнужното и најитно реформско одржување на толку неопходниот сеопфатен попис на населението во Република Македонија за да можеме, со прецизни демографски податоци, сите заедно да бидеме пообјективни и покомпетентни во разбирањето на тие „над-национални предизвици” што ни се нудат како евро-атлантско приспивно апче.

Но, почитувани сограѓани, пред воопшто глупо да се трошиме со некакви си „наднационални”, граѓански, космополитски фикции што ни ги продаваат токму оние што агресивно, грчовито, со стегнати заби до бес и со постојани закани и уцени ги туркаат своите национални и големонационални фикции, ние најнапред мораме да се справиме со нашиот најголем македонски национален предизвик, а тоа е да си ја зачуваме татковината Република Македонија од разнебитување и уништување, да си ја запазиме од меѓународната криминална стечајна постапка што сега се одвива под палката на циничниот еврокомесар-експериментатор, ленинистот Јоханес Хан со сета онаа горе спомната туѓинска братија, на која ќе и’ понудиме не само добар појадок, туку и одличен ручек, и раскошна вечера, а потоа мирно да си заминат од Република Македонија и да не’ остават на мир во нашиот топол дом.

Top