среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Шок за хрватскиот фудбал, Модриќ размислува да се откаже од репрезентацијата

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја шокираше хрватската јавност најавувајќи дека размислува за напуштање на репрезентацијата.

Одлуката на Модриќ е поради големиот притисок кој се врши на него поради промената на исказот во случајот со судењето на Здравко Мамиќ…

– Репрезентацијата? Не сум донел конечна одлука, но размислувам за повлекување. Ќе видиме. Сега сакам да се посветам само на подготовките со Реал за новата сезона“ – истакна Модриќ за „Марка“ коментирајќи притоа околу сведочењето на суд.

– Тоа е навистина комплицирана и незгодна ситуација. Сепак, мене совеста ми е чиста. Се што се случува околу тоа за мене е навистина многу тешко, но сум издржал и многу полоши работи во животот. Се надевам дека се набрзо ќе заврши – вели Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top