понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Трпески: Жерновски ги заборави учениците, место да оди на одмор, да се фати за работа и ги реши проблемите во училиштата во Центар

Започнувањето на градбата на основното училиште во Капиштец кој градоначалникот на Центар Андреј Жерновски го има позади себе во областа на основното образование во неговиот 4 годишен мандат, изјави Сашо Трпески од советник во општината од ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека тие како советничка група го поддржуваат бидејќи се работи за проект за децата, иако чини повеќе од просечната цена за изградба.

Меѓутоа тој прашува што се случува со другите основни учишта. На вчерашната седница на Општина Центар, каде присуствувале сите директори на општинските училишта, Трпески кажа дека биле истакнати низа проблеми кои треба да се решат односно отстранат. Добар дел од наведените проблеми одамна требаше да се отстранат но се уште нема ништо од сето ова, вели во својата изјава Тасевски.

-Морам да напоменам дека претседателката на комисијата за образование како и раководителката на Kомисијата за образование во неколку наврати имаа апелирано до градоначалникот да ги санира и реши сите овие проблеми кои се одолговлекуваат и кои се уште не се решени. Сакаме да прашаме дали Жерновски се грижи за учениците или не, изјави Трпески.

Трпески потсети дека во септември ќе се навршат две откако имаше наводно труење на учениците од водата во училиштето „11 Октомври“ и поради тоа беше разрешена тогашната директорка. Тој спомена и дека беше ветена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на училиштето. но до ден денес тоа се уште не е реализирано.

-Воедно во истото тоа училиште за време на големите врнежи кои се случија во текот на минатата година беа поплавени подрумските простории каде се наоѓаат и кабинетите по музичко и ликовно образование и беше побарано од страна на директорката до градоначалникот да се заложи да се оспособат овие простории бидејќи се потребни за одржување на настава. Реализација се уште нема и покрај тоа што има поминато цела година, изјави Трпески.

Тој ги спомена и проблеми во основното училиште „Кочо Рацин“ училиште кое беше најпогодено од големите врнежи кои беа минатата година.

-Во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, директорката се пожали на состојбата на училишниот двор каде е потребно да се изврши следното, дренажа на атмосферската вода причинува влага во внатрешноста на училиштето, менување ан бекатонските плочи во школскиот двор бидејќи постоечките се во лоша состојба и истите во моментов ја загрозуваат безбедноста на движењето на учениците како и хортикултурно уредување на школскиот двор. Воедно истото училиште беше најпогодено училиште од големите врнежи кои се случија минатата година и беше поплавено. Директорката посочи дека и покрај тоа што осигурителната компанија има префрлено средства на општината во месец декември минатата година за исплата на штета денес после 6 месеци општината не презела дејства за санација на штетите со овие средства и во ова училиште е наведено дека фасадата е во лоша состојба, изјави Трпески.

Тој кажа дека директорката на основното училиште „Кирил и Методиј“ напоменала дека во ова училиште имало најголемо оштетување од земјотресите, што се случија пред една година и каде има записник направен од ИЗИИС и во записникот е наведено дека треба да се направи задолжителна санација на ѕидовите кои се распукани и оштетени. Но дека и покрај дадениот апел за итна санација се уште нема никаква реализација.

-Во општинското основно училиште „Димитар Миладинов“, има навистина сериозен проблем со фасадата на самото училиште каде директорката истакна дека е во многу лоша состојба и дека има одрони дека стравува дека ако не се реши овој проблем до септември ќе биде опасно по учениците, изјави Трпески.

Трпески кажа дека директорите на вчерашната седница информирале дека и покрај дописите и барањето до градоначалникот, дел од нив стари и по две години, се уште нема никаква реализација.

-Директорката на Општинското основно училиште „Коле Неделковски“, на седница на Совет на Општина Центар не извести дека успеала самостојно да обезбеди донација и да го реновира училиштето и дека ќе обезбеди клупи и корпи за отпадоци во училишниот двор и само замоли општината хортикултурно да го уреди дворот. За жал градоначалникот Андреј Жерновски не беше присутен вчера на седницата за да може да одговори на сите овие прашања, а службите од општината не можеа да не услужат со целосни информации, изјави Трпески.

Тој кажа дека стравуваат дека од септември општината ќе се соочи со неспремност на училиштата да ги прифатат своите ученици. Тој напомена дека директорите во неколку наврати ги спречувале родителите од бојкот на наставата токму поради овие проблеми. Трпески порача дека не би сакал да се појави истиот гнев и револт и да настанат поголеми проблеми на почетокот на учебната година.

-За поголем дел од изнесените проблеми во училиштата градоначалникот се уште нема започнато постапка за санација на овие состојби и веројатноста е голема учениците на први септември да започнат учебната година со недостатоци во училиштата. Токму поради ова навреме предупредуваме и упатуваме барање до градоначалникот Жерновски наместо да оди на летен одмор во преостанатиот период да вложи максимални напори и да ги санира недостатоците во училиштата и да овозможи од септември сите училишта да ги прифатат учениците онака како што треба бидејќи безбедноста на учениците и децата е на прво место. Уште еднаш би напоменале сите ученици заслужуваат еднакви услови за воспитание и образование, изјави Трпески.

Top