петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 4 ново

Илузорност

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Може оваа состојба да биде и поволна за нелегално детронизираната влада, да се разобличи илузорноста која толку жестоко и фанатично ја наметна оваа власт која во предизборието создаде Вавилонска кула од ветувања и светли визии, воедно клеветејќи ја тогашната владејачка гарнитура за сѐ и сешто, а најмногу за тоа дека е фашистичка. Сето ова лесно минува кај електоратот, бесовите емитираат силни енергии за едно бестијално оргијашење на секој план, па и на општествено-политичкиот.

Конструкциите и обвиненијата на бившата опозиција, потхранети на сите начини од таканаречената „меѓународна“ (НАТО и ЕУ) и нивните агентури, дадоа одредени резултати. Тука ќе го додадеме и инженерингот со албанскиот електорат, па купувањето гласови од социјалноранливите категории, па кршењето на Мајскиот договор од страна да ДУИ, под патронат на „длабоката држава“ со директива, која беспоговорно треба да се спроведе. А токму ДУИ и „меѓународната“ го наметнаа тој таканаречен Мајски договор, кој обезбедуваше учество на политичката волја на етничките заедници во креирањето на разните политики на државата. Договор, кој требаше да ја спречи мајоризацијата на Албанците во политичкиот процес, а, сега, со кршењето на овој договор е заобиколена победничката партија на овие избори, а кон тоа, и политичката структура на Македонците – најголемата етничка заедница во сопствената држава.

Ова е една огромна илузорност, која курентната влада ни ја продава како ноторна вистина, а судејќи по нејзината ревност во уништувањето на слободните медиуми – како догма.

Во овие неколку недели владеење, воопшто не губеа време. Прво почнаа со она, што им стана историска карактеристика – да ги нудат штедро нашите национални интереси. Уште и не зацарија а веќе тргнаа во распродажба. Прво кај Грците – еве ви го името, на! Сакате Горна, Долна, Северна Македонија!?

• Охи! – Грците си имаат свои проекции и сопствени лудила. Во трговијата се веќе со милениуми, а оваа новокомпонирана држава од страна на големите сили трае веќе добри 170 години, и покрај нејзините периодични банкроти, но Западот тоа повторно и повторно го санира, зошто ако се откаже од Грција, тогаш Русите ќе го платат долгот и ќе дојдат кај братскиот православен грчки народ. Грција никогаш не го изгубила клерикалниот карактер на нејзиното општество. Комунизмот не играл во Грција, како што мајмун не игра во Прилеп.

• Сакате, можеби – Вардарска, Вардарска Македонија!?

• Охи – Грците се итри. Една полска поговорка вели – пет Полјака – еден Евреин, пет Евреи – еден Грк. Гледате, со такви родени и избрусени трговци тешко се излегува на крај.

• Знаете, „Вардарска“ се појави како предлог, што вашите медиуми го понудија како прифатливо решение за вашата влада!?

• Охи, охи, охи, Вардар тече до Солунски Залив. „Вардарска“ тогаш може да пројави територијални аспирации на целата таа територија. Ние не се коцкаме со националните интереси. Сакаме ова столетие нашата нација да има сигурност и просперитет!

Ова навистина ги депримира преговарачите на Зеко, тие нови надобудни емисари, кои со нивниот абнормален ентузијазам тргнаа да лобираат за прием на нашата држава во НАТО и ЕУ под привременото име Ф.И.Р.О.М. Но, се судрија со ѕид од ригидност и неразбирање во Атина.

• Со Бугарија лесно ќе го решиме проблемот, конечно, Бугарите не сметаат за свои, за „с’шти хора“, за идентичен народ, кој по волјата на Сталин и Коминтерната бил разделен и така, со помош на силна индоктринација и политичка пропаганда бил вештачки вообличен како македонски.

Ееееј, каква елегија е тоа. Еј, каков цвилеж се дига и вибрира од Скопје до Софија виа Струмица! Па, ова ќе биде, бе Зеко, национално будење и помирување со библиски пропорции. „Враќањето на блудниот син“, каде „блудниот“ е персонификација за забеганиот Бугарин, кој мислел дека е Македонец, но не по негова вина, туку по вина на Коминтерната, која го создала поради определени идеолошки и геополитички интереси.

Но бугарските дидакти никако да сфатат, дека само Бог создава народи, а не некакви организации од типот на Коминтерната или НАТО и ЕУ. Но, поаѓајќи од психоанализата на Фројд, тука има еден неизговорен феномен, кој силно зрачи во потконтекстот, а тоа е индицијата дека, всушност, за Бугарите во времето на комунизмот Коминтерната имала значење на божество и била третирана како деистички култ. Сега, кога конвертираа во нова религија, наречена НАТО и ЕУ, Коминтерната поприма демонски обележја, пекол, од кој ѓаволите излегувале и талкале по светот, создавајќи нови народи, отцепени од старите, историски верифицирани народи, како што е бугарскиот, на пример.

• Лесно е кога те сакаат – вели Зеко.

• Со Бугарите брзо ќе склопиме договор, во кој тие ќе го добијат тоа што го сакаат, а нашите нема ни да знаат што сме договориле со нив. Ако, пак, опозицијата почне да скока, ќе им кажеме на луѓето, дека договорот е ист како оној, што го потпиша Кублај Кан-от, нивниот бивш лидер. Гледаш, илузорноста дава предност, само треба да ти текне – триумфално парадира Зеко пред своите восхитени послушници.

Но, со Грците нештата одат многу потешко. Тие нѐ мразат. Со нив сме во конфликт со милениуми, уште од антиката.

Ретко ќе најдете таква омраза, како што е оваа помеѓу нашите два народа. Уште од времето на Филип Втори и Александар Трети Велики, кои ја окупираа Елада. Па низ сите овие периоди кои следеа низ историјата: средновековието, новиот век, конечно, сѐ до Граѓанската војна во Грција и до ден денешен. Грците нѐ мразат, а ние упорно одиме по нивните плажи. Дали се работи за мазохизам? Кај Грците, пак, за садизам, кој го манифестираат со ветата за НАТО и ЕУ, во кои ние сме запнале да влеземе како мутави во Дизниленд.

• Добро, какво име сакате?! Можеби – Курвинска Република Македонија?!

• Охи! Без Македонија! Само Курвинска Република, а!? Е, тогаш може да влезете во НАТО и ЕУ. Тогаш може, како Курвинска Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top