понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Грците казнуваат Македонци без фискална

Во сите грчки ресторани, продавници и објекти за услуги се поставени табли со натпис: „Клиентот не е должен да плати ако не добие фискална сметка“, но оној кој нема да ја чува фискалната сметка, може да заработи и казна од 100 евра, пишува „Вечер“.

Грчките испектори се на терен и казнуваат доколку не се издаваат фискални сметки во продавниците, рестораните и локалите. Тие ги проверуваат и купувачите, бидејќи и тие ќе бидат казнети доколку не побараат фискална при користење на одредени услуги.

 

Грчкото Министерство за финансии предупредува дека многу често трговците ја намалуваат цената на стоките ако клиентот се согласи да не добие фискална сметка. Според искуството на инспекторите најчесто измамени клиенти се странци кои не се сомневаат дека можат да бидат казнети.

Инспекторите се цивили и кружат во трговските објекти, без да дадат сигнал дека вршат проверки. Казните за трговците достигнуваат до 5.000 евра, а во некои случаи и до одземање на лиценцата.

 

Top