четврток, 27 јули 2017 | Вести денес: 1 ново

Начевски и Николов ќе бидат дел од семинарот на ЕХФ како подготовка за ЕП во Хрватска

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде дел од подготвителниот семинар за Европското првенство, кој ќе се одржи на крајот од август, а го организира Европската куќа на ракометот.

Од 14 судиски парови кои ќе бидат во Виена, место на континенталниот собир ќе добијат 12, а два ќе останат како резерва Првенството во Хрватска ќе се одржи во периодот од 12 до 28 јануари следната година.

Андреј Гоушко и Сиархеи Репкин (Белорусија)
Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)
Вацлав Хорацек и Јири Новотни (Чешка)
Мартин Гјединг и Мадс Хансен (Данска)
Оскар Ралуј и Анхел Сабросо (Шпанија)
Стван Пичон и Лорен Ревере (Франција)
Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг (Германија)
Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис (Летонија)
Ваидас Мазелка и Миндаугас Гателис (Литванија)
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија)
Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека (Португалија)
Сорин-Лорентиу Дину и Цонстантин Дин (Романија)
Евгениј Зотин и Николај Володков (Русија)
Артур Брунер и Морад Салах (Швајцарија)

ЕП ќе се игра во четири града (Сплит, Загреб, Вараждин и Пореч), а Македонија ќе настапи во групата Ц заедно со Германија, Црна Гора и Словенија во главниот град на домаќинот.

Top