среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Борко Ристовски точно знае како Вардар победи во полуфиналето против Барселона

Борко Ристовски е дел од ракометниот камп специјализиран за млади голмани кој се одржува во близина на Сплит, а тоа беше добра шанса за новинарите на „Балкан Хендбол“ да направат ексклузивно и поопширно интервју со повратникот во македонската ракометна репезентација.

Македоскиот „министер за одбрана“ е многу ценета личност во ракометните кулоари и редовно се наоѓа во прв план на „седмата сила“, а од опширното обраќање кое го имаше за специјализираниот ракометен сајт, вредна за издвојување е анализата која ја направи за полуфиналната средба во Лигата на шампионите.

Ристовски како член на Барселона беше принуден да им подаде рака на ракометарите на Вардар кои подоцна станаа европски шампиони, но Борко сега нагласува дека главната причина за поразот на неговиот тим се крие во тоа што навистина многу го потцениле македонскиот ракометен првак.

– Моето мислење е дека ние го потценивме Вардар, кога ќе ги навратам работите во мојата глава, доаѓам до тој заклучок. Пред натпеварот со Вардар, генерално кај нас никој не зборуваше за тоа што ќе се случува во полуфиналето, сите беа со главите веќе во финалето. Сакаме да признаме или не, мислам дека го потценивме Вардар. Вардар одигра екстра на сите позиции на теренот, а ние кога сфативме дека нема да биде лесно веќе беше прекасно – заклучува Ристовски за „Балкан Хендбол“.

Top