понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Солун на нозе, Јанакис по 20 години се враќа во Арис

Легендата на грчката кошарка и на солунски Арис, Панајотис Јанакис по скоро две децении се враќа во својот клуб. Јанакис со Арис како кошаркар и капитен освои 14 трофеи во 9 години и стана симбол на грчката кошарка заедно со Никос Галис.

Јанакис е единствен грчки кошаркар кој беше крунисан европски првак и како играч и како селектор, а покрај Грција ја водеше и селекцијата на Кина, а во клупската кошарка беше предводник на Олимпијакос, Лимож, Паниониос и Маруси.

Со доведувањето на Јанакис, фанатичните навивачи на Арис очекуваат атак на недостижните атински клубови Олимпијакос и Панатинаикос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top