четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 72 ново

Колкава казна ќе платите во Грција, ако не врзете појас?

Доколку сте одлучиле на летување да одите со автомобил, би требало да бидете запознаени со сообраќајните прописи на земјата низ која патувате.

Треба да знаете дека казните за прекршоци сегде во светот се високи и нигде нема да ви прогледаат низ прсти како овде.

Доколку не ставите појас додека возите во Грција ќе ве чини 350 евра.

За преминување на дозволената брзина најевтино ќе поминете во нашата земја, но во другите држави може да заработите и до 3.000 евра казна.

Нашата честа навика е зборување на телефон додека возиме, а тоа надвор од нашата земја може да ве чини и  до 600 евра.

Сепак, најригорозни се казните за возење во алкохолизирана состојба, која сегде низ светот најостро се казнуваат, дури и до 6.000 евра.

Top