недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева

Не би сакал да се избере Јавен обвинител, како што се избраа пратеници или како што се избраа министри кои што го скрнавеа споменикот каде што стоиме на АСНОМ, вели Михајло Маневски поранешен министер за правда.

Маневски потенцираше дека ВМРО поминало низ историјата низ многу потешки периоди, и исто така ќе го помине и овој период.

Според  него сето она што му го прават на ВМРО со вакви конструирани обвиненија, со вакви предлози за мерки одземање на патни исправи, јавување во судот, очигледно дека ќе ја платат цената на сето тоа. Цената според Маневски набрзо ќе ги стигне на наредните избори кои што престојат во oктомври.

– Секако дека ако се избере Јавен обвинител треба да се избере професионалец на кој не треба да се врши никаков притисок. Меѓутоа, гледајќи ја оваа ситуација очигледно дека ќе се избере некој Јавен обвинител кој што ќе биде и тој инструмент како што е Катица Јанева во рацете на владејачката партија – вели Маневски.

 

Top