среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Владата го реализира првиот проект: Гаражите на Илинденска светнати, граѓаните очекуваат придобивки (видео)

Првиот проект што го реализираше Владата на Заев е чистење на подрумите на Илинденска. Објавија и видео од „потфатот“ насловено „Осум камиони шут изнесени“.

-Генералниот секретаријат организираше акција за чистење на гаражите на Владата на Република Македонија. За два дена беа изнесени осум камиони шут коишто со години се трупале во гаражите и оневозможувале нормална употреба на овој простор, е текстот кој го придружува видеото поставено на официјалната страна на Владата на Република Македонија.

Граѓаните кои очекуваат решенија на нивните проблеми и проекти не треба да се грижат бидејќи Рашковски својот мандат го почна со чистење на подрумот на Владата, но каков бенефит имаат од тоа граѓаните, ке видиме.

Top