среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Глобалното затоплување го претвора Балканот во пустина

Само четири степени повисоки температури ќе предизвикаат катастрофални последици! Делови од земјата ќе бидат потопени, други ќе станат пустини, на Алпите нема да има снег, а Гренланд ќе биде идеално место за живеење

Kако би изгледал светот кога просечната температура ќе биде четири степени повисока од сегашните? Состојбата е катастрофална! Ова истражување е објавено на порталот БигТинк кој прикажа и мапа.

-Полинезија повеќе ја нема, потонала под морето. Пакистан и јужна Индија се напуштени, а
Европа полека се претвора во пустина. Таква ситуација не очекува кога во светот во просек годишно температурата ќе биде повисока за само четири степени”, наведува БигТхинк.
Како што пишува порталот, Западен Антарктик повеќе не е место каде не може да се живее. Напротив, тој станал зелен, а таму почнуваат да никнуваат нови градови. Северна Канда, Скандинавија и Сибир ќе бидат преполни со климатски мигранти кои ќе бидат принудени да ги населуваат тие подрачја.

Во текстот се наведува дека „токму сега е вистинското време за купување на недвижности на Гренланд, пред да зазелени”.

Местата на кои нема да може да се населува поради суши и екстремни временски прилики се источното крајбрежје на САД, Средна Америка и централниот дел на Јужна Америка, како и во Африка, Мадагаскар и Мозамбик, во Азија Индија и Пакистан. Напуштени ќе останат и Индокина и Индонезија.

На целиот Балкан, Австрија, Унгарија, Германија, Шпанија, Португалија…реките ќе пресушат, а на Алпите повеќе нема да има снег. И тие се означени како територии каде нема да може да се населува зошто ќе станат пустини.

Ќе има места каде поради зголемувањето на нивото на морето ќе бидат потопени.
Четири степени повисоки температури ќе предизвикаат раст на нивото на морињата и до два метри. Оваа состојба ќе отвори нови подрачја на кои ќе биде возможно одгледување на храна и основање на градови.

Помеѓу нив е западен Антарктик, кој е биде густо населен, а Нов Зеланд ќе стане едно од најнаселените подрачја на светото.

Во Сибир и Канада ќе бидат идеалните услови за одгледување на храна за целиот свет, а засолниште на мнозинска светска популација ќе и понудат Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и Северна Русијa.

Top