среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Развод на годината: Соња купува стан од 300.000 евра! Аца: Ме покраде!

-Кога слушна дека Саша Поповиќ сака да хо земе нејзиниот пентхаус, Соња полудела. Му се јавила на Лукас и викала на телефонот, велејќи му дека нема право да и прави така и го прашала зошто не му ги враќа на Поповиќ парите кои му ги должи и од каде му е идејата на тој начин да се коцка со нејзините пари, ја почнува приказната извор близок на Соња.

Веднаш го повикала адвокатот да се погрижи за тоа што побргу да го поделат имотот, а потоа одлучила да купи стан на свое име.

Соња им фрли око на становите на Бежаниска коса, бидејќи таму живеат многу познати личности од естрадата со кои се дружи. После кратко време најде еден стан кој и се допаѓа, бидејќи е простран и светол, совршен за неа и нејзините две ќерки Софија и Викторија. За станот ќе треба да искешира дури 300.000 евра, нонеа тоа нема да биде проблем бидејќи последните месеци водејќи ги менаџерските работи на својот сопруг заработи одлична сума пари.

-Соња од минатото лето кога Лукас позајмил пари од Поповиќ, ги презема сите менаџерски обврски врзани за Аца. Целиот прилив на парите од настапи одел преку неа. Му договараше тезги, се договараше со сопствениците на локалите околу хонорарот и го бележеше секој динар што Лукас го заработува, објаснува изворот.

Тој вели дека Соња е подмачкана, па дел од парите кои Лукас ги заработил пеејќи на тезги, таа ги тргала на страна.

-Благодарение на тоа што ја презеде контролата над парите успеа да заштеди голема сума пари, па сега може да си дозволи и луксузен стан. Се разбира, во сето тоа, дел и помогаа и родителите кои мошне добро заработуваат веќе со години наназад во Германија, вели соговорникот.

Според „Информер“, кога Лукас слушнал дека Соња купува стан во српската престолнина, доживеал нервен слом. Не можел да поверува во тоа што го слуша и направил скандал.

-Аца буквално урлаше и одлепи кога дозна за плановите на својата жена. Сфати дека таа собирала пари од неговите настапи, бидејќи ги вршела менаџерските работи, па сега од тие пари купува стан и тоа луксузен. Урлал низ куќата, им се јавувал на пријателите раскажувајќи дека сопствената жена го покрала, дека тоа не го очекувал од неа и дека толку многу го разочарала што не може да поверува со кого се оженил и со кого има дете, трвди добро известен извор.

Top