среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 32 ново

Популизмот на средната класа на Заев низ слики: Сиромашните на кои им се додворува Анѓушев не можат ни да го замислат богатството што го поседува (ФОТО)

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев великодушно ќе ја донира платата од 81.000 денари. Медиумите и јавноста ја оценија оваа постапка како популизам, чијашто цел е да се дефокусира јавноста од од реалното богатство на Анѓушев, објавено во анкетните листови кои имаат обврска да го достават функционерите.

Анкетниот лист на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Според анкетниот лист кој Анѓушев им го подели на новинарите, тој поседува возен парк од околу 300.000 евра, една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград. Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.

Возниот парк на Анѓушев се состои од „масерати“, „порше каен“, „мини кантримен“. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници од марките ролекс, омега, кои ги проценил на 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра.

Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка „регал“ вреден 30.000 евра.

Најбогат функционер во Македонија е потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој и според Форбс е еден од петте најбогати Македонци. Во неговиот возен парк има „Масерати“, „Порше Кајен“ и „Мини Катримен“, во вредност од околу 300.000 евра, пишува порталот Денешен.мк.

 

Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Анкетниот лист, рачно пополнет, вицепремиерот за економски прашања им го подели на новинарите, но, листот се уште не е објавен на веб страната на ДКСК иако рече дека го предал во Антикорупциска.

Top