сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Опожарено „поршето“ на скопски газда во Градски парк

Автомобил марка „порше“ ноќеска било опожарено пред градскиот стадион.

Како што соопшти МВР, 30 минути по полноќ во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје поточно во Градскиот парк во близина на „Телеком арената“ имало опожарено возило „порше“ со скопски регистерски таблици сопственост на А.Д., а управувано од М.Д. од Скопје.

Од страна на полицаец од местото на настанот било подигнато шише со бензин. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Top