петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 4 ново

Ние сме европски шампиони и знаеме дека ќе имаме притисок

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалез, со огромен респект гледа кон сите противници во групната фаза од Лигата на шампионите, во новата сезона.

Воедно, тој потенцираше дека клучно ќе биде „црвено – црните„ да се носат со епитетот европски шампион, кој сигурно ќе биде мотив повеќе за сите противници кога ќе играат против Вардар.

Мислам дека ќе биде извонредна сезона, бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро. Сега не знаеме како ќе биде, но сигурно доста тешко, особено надвор од Скопје. Ние сме европски прваци и знаеме дека ќе имаме притисок, а тоа ќе биде ново за нас – изјави Раул Гонзалез.

Вардар за противници во групата ги доби Барселона, Некар Левен, Пик Сегед, Загреб, Висла Плоцк, Кристијанштад и Нант. Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите стартува на 13 септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top