среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Почна борбата за имотот: Лукас ги сака станот и локалот, а на Соња и го нуди ова…

Разводот на Аца Лукас и неговата сопруга Соња Вукашиновиќ во последно врме е центар на вниманието на јавноста, а пејачот потврди дека се разведува со тоа што поднесе барање за развод во вторникот.

После неколкумесечно убедување Соња да остане со него, што таа не прифати, Лукас одлучи да биде побрз од неа и да ја тужи.

– Лукас во тужбата бара да го поделат станот, автомобилот и двата локали. Освен тоа, Аца Лукас наведе дека старателството за децата и го препушта на Соња, а и предложи тој да го финансира школувањето на ќерката Викторија, но и на Софија Шашиќ, како и да и плаќа месечна алиментација од 1.000 евра. Аца и Соња, како што е познато имаат стан на Вождовац, за кој имаа проблеми, па останаа без гаражата која одеше заедно со станот бидејќи мораа да отплаќаат долгови. Оној што ќе го добие станот, најверојатно тоа ќе биде Соња нема да има каде да го паркира едниот од мерцедесите кои се во нивна сопственот, вели близок извор и додава:

– Освен тоа, тие двајца пред две години, кога исто така се пишуваше за криза во нивниот брак имаат италијански ресторан кој во Дизелдорф го отворија заедно со Марко Вишњиќ, братот на Соња и поранешен фудбалер. Аца е сопственик и на еден весник додека Соња има бутик, но тоа најверојатно ќе остане во нивна сопственост без проблеми, додека околи остатокот од имотот ќе се води битка, раскажува изворот за Пинк.рс.

 

Top