петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Македонија ќе игра во Загреб во три различни термини

Организаторите ги официјализираа термините во кои ќе се играат натпреварите на Европското првенство во Хрватска.

Европската ракометна федерација и коорганизаторот Хрватскиот ракометен сојуз ги официјализираа термините во кои ќе се играат натпреварите на Европското првенство.

Натпреварите во групата „Ц“, во која настапува и нашиот национален тим, ќе бидат распоредени во Загреб.

На првиот натпреварувачки ден, на 13 јануари, против Словенија ќе играме од 19:30 часот. Со Црна Гора на 15 јануари играме во 20:30 часот. А на крајот од првата прелиминарна фаза не чека и дуелот со Германија, кој започнува од 18:10 часот.

Top