понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Овој остров може да биде вистински рај, но и пекол за туристите

Островот Кох Тао денес е еден од најпопуларните острови во Тајланд. Се наоѓа во близина на Тајландскиот залив, а посебен е по големиот број хостели, хотели, барови и ресторани на плажа. Но, постои и онаа  другата, темната страна на приказната.

Мистериозните и неразјаснети злосторства овде се секојдневна појава, па Кох Тоа го доби непосакуваниот епитет „остров на смртта“. Серијата необјасниви случаи го однесе островот кон тоа да се смета за „замка за туристите“, со оглед на зголемениот број на убиства на посетителите, а често се и наоѓани делови од нивните тела во водата.

-Кох Тао може да биде рај, но и пекол. Потенцијатлните туристи мора да бидат предупредени и не смеат да имаа чувство на лажна сигурност – напиша еден туристички оценувач и критичар. Инаку, познат е„островот на желките“, така се нарекува поради тоа што „тао“ на тајландски значи желка.

-Овде мафијата не е по улиците со пиштоли на појасот, туку е скриена во семејните генерации, додава тој.

Еден од познатите случаи од овој остров е смртта на британските туристи 24 годишниот Дејвид Милер и 23 годишната Хана Витериџ. Нивните тела биле пронајдени на една плажа, а Хана пред убиството била силувана. За бруталното двојно убиство на смртна казна осудени се Зав Лин и Вин Зав Тун, мигрантски работници од Тајланд. Откриени биле благодарение на пронаоѓањето на нивната ДНК.

Две недели покасно, во близина на плажата на која беа пронајдени Дејвид и Хана, пронајдено е уште едно тело. Станува збор за Лук Милер, 24 годишен ѕидар, пронајден е мртов на дно на хотелски базен откако бил на забава со пријателите.

Убиецот, или повеќе убијци, се уште не се пронајдени, а овие два случаи се најнови докази за опасностите на тајландскиот остров.

Во последните две години шест случаи на смрт на туристи стигнаа до медиумите, а останува вистинска мистерија што точно се крие позади ова.

Top