понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Путин: Странски разузнавачки служби се обидуваат да влијаат на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше обидите да се влијае на општествено­-политичкиот живот во Русија, кои според него, се вршат од страна на странски разузнавачки служби. ­

– Очигледно е дека зајакнувањето на активностите на странските тајни служби е насочено против Русија и нашите соседи, рече Путин во говорот на состанокот со членовите на руски служби за надворешно разузнавање, соопшти Кремљ.

Според рускиот претседател, странските разузнавачки служби се стремат да „влијаат на внатрешните и општествени процеси во Русија“. Во 2015 година, Владимир Путин потпиша закон со кој се овоможува странски организации во Русија да бидат прогласени за непожелни, под обвинение дека сакаат да влијаат на политичкиот живот и јавноста на земјата.

Друг закон, усвоен во 2012 година, ги обврзува невладините организации финансирани од странство, а кои спроведуваат „политичка активност”, да се регистрираат како „странски агенти“. Според Путин, Русија се соочува и со обиди да се запре нејзиниот развој, наложувајќи и конфронтација, преку дестабилизирање на региони во близина на нејзините граници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top