четврток, 27 јули 2017 | Вести денес: 1 ново

Одлични вести: Талески сепак ќе ја предводи Македонија на Светското првенство

Македонската младинска ракометна репрезентација ги започна подготовките за Светското младинско првенство во Алжир. Предводени од селекторот Илија Темелковски младинците денеска заминаа за Маврово каде ќе започне првиот дел од подготовките.

Капитенот на младинската репрезентација, Филип Талески, беше неизвесен за настап на СП откако од неговиот клуб Рајн Некар Левен не добил дозвола за отсутво од подготовките кои германскиот шампион ги почнува паралелно со почетокот на светскиот шампионат. Сепак од РФМ информираат дека постигнале договор со германскиот првак и добиле зелено светло за настап на Талески на престојниот мундијал во Алжир.

Талески не беше меѓу репрезентативците кои заминаа за Маврово, а на подготовките ќе се приклучи од сабота кога ќе се комплетира целиот мозаик на селекторот Илија Темелковски. Светското првенство ќе се одигра во Алжир од 18 до 30 јули 2017 година.

Top