среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 85 ново

Како се снимаше „Планета на мајмуните: Војна”?

Покрај сјајната приказна, новиот филм од добро познатата трилогија, „Планета на мајмуните: Војна” ќе донесе акција која остава без здив, брилијантна технологија и глумци, кои до последен детаљ ја пренесуваат крајната смисла на режисерот Мет Ривс.

Во третиот дел популарната блокбастер фрашиза, заедницата на генетски модифицирани мајмуни кои ги предводи интелегентното шимпанзо Цезар, влегува во крвава битка со војската на луѓе предводени од немилосрдниот Полковник. После незамисливиот пораз со кој ќе се соочи заедницата на мајмуни, Цезар ќе доживее колапс и ќе ја ослободи својата мрачна страна.

Развојот на најновата технологија, која може да сними дури и најмала нијанса на движење, гестови и емоции на анимираните ликови, позади кои стојат живи глумци, доведе до креирање на највпечатливи филмски ликови кои се снимени во изминатите години.

– Актерите започнуваат да сфаќаат дека кога снимаат филм со анимирани ликови, не треба да чекаат магијата да се случи подоцна. Вие не го претставувате ликот, вие мора да станете ликот – објаснува режисерот на филмот и додава:

– Според моето мислење, не постои разлика помеѓу улогите во кои треба да изведете анимација и улогите во кои играте само во шминка и костум. Апсолутно нема разлика – вели тој.

Енди Серкис кој го игра главниот лик на Цезар, на светската публика добро им е познат по улогата на Голум од трилогијата на „Господар на прстените”. Искуството од „Господарот на прстените” во голема мера го искористи за брилијантно да ја изведе улогата на Цезар во филмот „Планета на мајмуните: војна”, а какво искуство беше тоа за него можете да погледнете во видеото кој опфаќа дел од снимањето „позади сцените”.

Филмот планета на мајмуните:Војна” ќе се најде во домашните кина од 13 јули 2017 година, а во главните улоги ќе можеме да ги погледнеме Вуди Харелсон, Стив Зен и Енди Серкиз, кој го пратевме во последните две продолженија од овој филм.

Top