петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Промоција на книгата „Кинеење 3D“ од Тони Цифровски денеска на „Скопско лето“

На програмата на „Скопско лето“ утре ( 29 јуни, четврток), со почеток во 20 часот , во Кинотека на Македонија, ќе се одржи промоција на книгата „Кинеење 3D“ од Тони Цифровски. Книгата е издание на Дирекција за куктура и уметност – Скопје.

Кинеење 3Д ( произлезено со сета своја алегорија од „кино – живеење“) е збирка рецензии од кои помалиот дел беа објавени на страниците на угледниот дневен весник „Дневник“ или ( повеќето) биле дел од специјализираните емисии на Македонското радио – Радио Скопје. Станува збор за трето продолжение со кое ќе се заокружи единственото документирање на случувањата на кино репертоарот во Македонија во последниве 10 години.

Top