среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 56 ново

Мијата со видео-запис за „BedFlower“

Деновиве е објавен спот за песната „BedFlower“ на македонската пејчака Мијата. Ова е песна од албумот „Небеска“ кој Мијата го промовираше пред две години.
Автор на музиката и текстот е Наташа Мијат Крстевска, а аранжманот за „BedFlower“ е на Трајко Симоновски. Видео продукцијата е на „Томато“.
Албумот „Небеска“ првенчето на Мијата, има 13 песни, од кои некои се во истиот формат како што биле емитувани и до сега, некои се преаранжирани, а има и неколку нови. Издавач на албумот е Ѓоко Мишковски со своето „Рок & рол студио“. Секоја од песните е во живо отсвирена, што му дава особен шмек на ова музичко издание.
„BedFlower“ е една од најдрагите песни на Мијата, и во овој спот таа е во едно поинакво издание од она што сме навиканти да ја гледаме.
Top