среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Уреди кои што трошат струја и кога се ислкучени

Некои уреди во домот продолжуваат да трошат струја и откога сте го исклучиле, еве неколку:

Полнач за телефон

Полначот за телефон оставен приклучен во штекер продолжува да троши струја дури и кога нема телефон приклучен на него. Сепак, струјата што ја троши e минимална (1,2 вати дневно) и не ја чувствуваме во месечната сметка.

Дигитален ТВ ресивер

ТВ ресиверите продолжуваат да работат и кога се исклучени и на тој начин трошат околу 1.200 денари годишно, односно околу 22 вати дневно. Повеќето од нас не ги ставаат во мирување или на standby мислејќи дека доволно е да се исклучи телевизорот. На тој начин имаат пет пати поголем трошок.

Телевизор

Знаевте ли дека доколку го притиснете копчето за исклучување телевизорот е во мирување, а не е исклучен? На тој начин годишно се троши енергија во вредност од околу 1.500 денари или 24 вати дневно.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога сте ги исклучиле на копче компјутерите и лаптопите продолжуваат да работат и трошат по околу 96 вати дневно. Токму затоа доколку ги исклучите од штекер ќе заштедите околу 6.000 денари годишно.

Уреди со тајмер

Тоа што тајмерот работи ќе ви каже дека уредот не е исклучен. Доколку ги исклучувате таквите уреди од штекер ќе заштедите околу 7.000 денари годишно затоа што на тој начин тие трошат по околу 108 вати дневно.

Дали треба да ги исклучувате уредите во домот од штекер? Некои можеби мислат дека горенаведените суми се мали, но во секој случај, треба да се исклучуваат од штекер затоа што доволен е само еден дефект на електричната мрежа за одеднаш да ви прегорат сите уреди во домот.

Top