понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

40 работи кои можете да ги правите кога ви е досадно

Досадата е избор. Досадата е само случаен резултат на многу одложување на обврски. Има многу начини како можете да ја победите досадата и зборчето може засекогаш да исчезне од вашиот вокабулар.

Искористете го вашиот мозок на креативен начин и никогаш повеќе не избирајте да ви биде досадно. Изборот секогаш е ваш.

За да ве инспирираме да експериментирате со времето во кое обично би ви било досадно, и предлагаме 40 работи кои можете да ги правите во тоа време:

1. Одете на прошетка. Оставете го вашиот телефон дома или заклучете го во џеб. Воодушевувајте се на погледот.

2. Купете си мал сет на тегови со мала тежина. Следен пат кога ќе ви биде здодевно искористете го време да ги тонирате мускулите на рацете.

3. Организирајте нешто. На пример, вашиот гардеробер или едноставно некоја полица со книга.

4. Платете членарина во теретана, на тој начин ќе бидете принудени да одите почесто.

5. Посете ја веб страната Unroll.me и отпишете се од сите мејлови кои не сакате да ги добивате и никогаш не ги читате.

6. Згответе нешто. Искористете ги работите кои ги имате во фрижидер и направете си оброк.

7. Лакирајте ги ноктите. Сигурно имате неколку различни бои на лакови низ домот. Искористете го времете и направете си маникир.

8. Правете стомачни. Најдете неколку туторијали за тренинзи и подгответе ги вашите стомачни за лето.

9. Слушајте музика. Направете си плејлиста и релаксирајте се со омилените песни.

10. Експериментирајте со косата. Испеглајте ја или направете си локни. Пронајдете нов изглед за вас.

11. Играјте игра за меморија на интернет.

12. Сменете го распоредот на вашата соба. Преместете неколку работи, купете неколку украси и променете го малку местото каде што поминувате најмногу време од денот.

13. Јавете се на пријател со кого немате разговарано одаммна.

14. Јавете се на пријател што живее во друг град и прашајте го како му минува денот.

15. Направете си ново CV. Искористете неколку онлајн темплејти и дајте му живот на вашето CV.

16. Пратете им на вашите баба или дедо писмо. Кажете им што ви се случува во животот или колку ги сакате.

17. Пробајте да цртате. Ако излезе нешто убаво можете цртежот да го подарите некому.

18. Истегнете се. Ќе добиете енергија и вашите мускули ќе се чувствуваат одлично.

19. Направете си пенлива купка. Зошто да не, релаксирајте се.

20. Медитирајте. Бидете присутни во моментот.

21. Пронајдете слободни позиции за волонтирање. Следниот пат кога ќе ви биде здодевно ќе имате каде да одите.

22. Направете си персонализирано Емоџи на Битмоџи апликацијата.

23. Напишете песна или текст за некој близок човек. Ќе имате супер подарок за наредниот роденден.

24. Напишете мејл на некоја позната личност која ви е идол. Можеби ќе успеете да добиете и одговор.

25. Испланирајте забава.

26. Една попладневна дремка никогаш не доаѓа лошо.

27. Напишете неколку љубовни пораки на мали ливчиња хартија и скријте ги во облеката или чантите на вашиот партнер.

28. Купете си боенка и потсетете се на детството.

29. Измијте ги прозорците. Пуштете си некоја музика и мијте ги прозорците и гледајте како досадата се мие заедно со нив.

30. Гледајте ТВ. Пронајдете некоја интересна серија со која ќе се опседнете. Пробајте со Fox Life.

31. Почнете си свој блог.

32. Изгубете се во Пинтерест. Пинтерест е место кое е полно со идеи кои лесно можете самите да ги направите.

33. Пишувајте во вашиот дневник. Напишете што ви се случува во животот и како се чувствувате во моментото. Практикувајте благодарност.

34. Испечете чоколадни колачи.

35. Гледајте стари семејни слики и потсетете се на минатото.

36. Редете сложувалка или решете крстозбор.

37. Танцувајте. Пуштете си неколку летни хитчиња и изгубете се во ритамот.

38. Снимајте клипчиња и споделете ги со вашите пријатели.

39. Одете во библиотека и земете нови книги.

40. Понудете се за помош на вашите пријатели. Помогнете ѝ/му да подготви ручек, да исчисти нешто или во некоја домашна обврска која не може сам/а да ја заврши.

Извор: Црнобело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top