петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 86 ново

Петковски: Рамиз Мерко и Зијадин Села во Струга тераат бизнис и затоа се трујат граѓаните

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии, посочи Перо Петковски советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струга на панел дискусија, каде ја кажа вистинската причина зошто не се решава проблемот со депонијата во Струга.

Проблемот постои веќе 10 години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник, додава Петковски.

Според него општината одбива да го реши проблемот поради бизнисот кој општината го прави со сопствениците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата, иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.

Петковски додаде дека граѓаните од Струга бараат бизнисот да биде оставен на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите кои благодарение на лошото работење на локалната власт секоја година ги има се помалку. Во иднина спорет Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.

Top