вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 87 ново

Противници по меркa: Македонија во балканската група на ЕП во Хрватска

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за 18. Европското првенство кое на почетокот на идната година ќе се одржи во Хрватска (од 12 до 28 јануари).

На ждрепката одржана во концертната сала „Лисински“ во Загреб, Македонија за свои противници во Групата Ц ќе ги има селекциите на Германија, Словенија, Црна Гора.

Под водство на Раул Гонзалез нашата ракометна репрезентација има забележано само еден пораз (Исланд на гости), едно реми (Украина на гости) и две победи (Исланд и Чешка на домашен терен).

Група А: Хрватска, Исланд, Србија, Шведска

Група Б: Франција, Белорусија, Австрија, Норвешка,

Група Ц: Германија, МАКЕДОНИЈА, Словенија, Црна Гора

Група Д: Шпанија, Данска, Унгарија, Чешка,

Top